Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 септември 2026
Пожарот кај Ногевци вчера повторно се разгорел. Ветерот придонел за огнот пак да пламне и да зафати борова шума, овој пат кај село Кочилари.Во понеделничкиот утрински рапрот на Центарот за управување со кризи нагласија дека пожарот е локализиран Велешките пожарникари со детали за пожарот од неделата.
„Неделата 6 август во 12:25 примена е дојава за запалена борова шума во село Кочилари
Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице место почнато е со гасење на пожарот. По неколку часовна битка со пламените јазици пожарот е изгаснат. Претходно во 7 часот екипа со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители на Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на обиколка на големиот пожар каде што гореше борова шума но поради силниот ветер кој се појави побарана е дополнителна екипа со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По целодневното контролирање и одгребување на критичните точки пожарот е целосно изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес.
фото Дирекција за заштита и спасуваање
| Tweet |




