Петар Печков
Објавено: четврток, 29 август 2019
Пожарот кој од вчера попладне повторно ја зафати околината на село Ораовец се прошири и кон село Војница. На терен се припадници на ТППЕ Велес, на ЈП македонски шуми и доброволци. Горат повеќе десетина хектари ниско стеблеста шума и сува трева.
Побарана е и добиена помош од воздух од авионите ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е на територија на две општини, Велес и Чашка, во неговото локализирање се вклучени двете локални самоуправи.
Претпладнево имало и три помали пожари во село Согле, Бистрица и Богомила, кој биле локализирано од локални мештани. Тие спречиле пожарите да земат замав и нанесат поголема штетата.
Tweet |