Петар Печков
Објавено: сабота, 16 септември 2023
Дождот кој попладнево ја зафати територијата на регионот Азот го згасна големиот пожар кој три дена гореше во регионот околу селото Ореше. Тој бил згаснат денес околу 14ч.
Претходно го гаснеле трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување како и вработени од ШС Бабуна Велес. Пожарот беше регистриран во четвртокот во 12,30ч.
До вчера беше зафатена површина од 100 хектари дабова шума и габер соопштија до ЦУК, додека се уште не е познато колкава површина денес тој зафати и изгоре.
фото ЦУК
Tweet |