Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2023
Пожарот кај село Ореше уште пламти. Регистриран е вчера, четврток во 12,30 часот а до вечерва уште е активен.
Проценките се дека досега е опожарена високо квалитетна шума - даб и габер, на површина од повеќе од 100 хектари.
Денес огнот беше гаснат од страна на два авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување , како и еден хеликоптер на АРМ. На терен се и вработени од Шумско стопанство Бабуна од Велес.
фото Центар за управување со кризи
Tweet |