речник контакт

Пожарот кај Пашин мост локализиран, опожарени 15 железнички прага (видео)

Уште се активни пожарите кај Подлес, Мокрени, Габровник, и на Лисец, Патот за Чашка , Извор и Богомила отворен за сообраќај

Петар Печков

Пожарот на Пашин мост е локализиран, можно е на одредени места да имаа тлеење. Од огнот опожарени се 15 прага на железничката линија Велес- Битола,а против пожарниот воз интервенирал на делницата Велес – Чашка. 

Можно е поради тоа што овој наменски воз  кој вечерва е уште на пругата, да има доцнење на патничките возови од Скопје за Битола и од Битола за Скопје, кои во Велес треба да бидат околу 21 часот.  Од ЦУК Информираа дека уште се активни, вечерва и пожарите на Габровник, кој се гаси со хеликоптер, кој пак полни вода од Богомила, пожарот кај Мокрени, пожарот кај Подлес, кој беше локализиран па повторно се активираше а тој се гасеше со ер трактор кој полнеше вода од велешко езеро. Активен е и пожарот помеѓу Дреново и Долно Јаболчиште, кој е на тешко пристапен, карпест  терен а гори ниска вегетација. 

Деновиве сме сведоци на бројни пожари на територијата на Република Македонија а во нивно локализирање се ангажирани авиони и хеликоптери.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »