речник контакт

Пожарот кај Чичево изгаснат (видео)

Пожар над село Нежилово во месноста Светови

Петар Печков



Пожарот во околината на селата Долно и Gорно Чичево е локализоран доцна синоќа. Утрово оваа информација ја објавија од Центарот за управуvање со кризи (ЦУК). Во видео обраќање информaцијата ја сподели директорт на Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов заедно со командирот на Територијалнaта противпожарна единица Велес, Димче Јованов.  

„Беа загоroзени посевите, лозјата и овоштарниците во близина на овие две села, како и некои куќи.  Едно време се изгуби од контрола, напрaвил линија на оган од 10-тина километри“ – рече Ангелов.

Пожарот го локализираа пожарникари од ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци, биле и три   ер трактори и полицискиот хеликоптер. Излегле и мештаните со трактори  да создадат пресеци на теренот, за  огнот  да не се шири.  На терен биле  четири возила на ДСЗ и петмина доброволци до Неготино, како и вработени од Вардар Градско.  

„Веруваме дека пожарот е локализиран и ликвидиран, утрото на терен ќе провериме дали е се во ред.  Тереноt беше многу тежок. Но благодарејќи на помошта на колегите од Неготино и Кавадарци, на МВР,  пожарот е ликвидиран. Ќе има контроли“ – рече Јованов. Велешките пожарникари учествувале со четири возила и девет спасители.  

Пожарот е пријавен во 9,25ч. часот а локализиран во 22,30ч. 

Од  ЦУК утрово соопштија дека вчера пожар имало и над село Нежилово во месноста Световки каде гореле смреки и пожарот е активен и денес, кај  село Крајници -Чашка  бил локализиран.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »