Петар Печков
Објавено: четврток, 01 јули 2021
Пожарот кој од понеделникот беше регистриран од падината Даутица, денес попладне е локализиран. Беше зафатена дабова шума во почетокот од 50 хектари а официјалните лица не сакаат да објавуваат податоци, пред да проверат на лице место, колку шума изгоре. Ќе се испитува и што е причината за пожарот.
„Околу 15 часот, вработени од ШС „Бабуна“ кои беа на лице место јавија дека пожарот е локализиран. Денес во гаснењето на огнот учествуваше и хеликоптер на АРМ, во пет прелети. Колку шума изгоре ќе биде дополнително познато “ - соопштија од Центарот за управување со кризи.
Изгоре шума на територијата на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште. Огнот беше регистриран понеделникот околу 11 ч иако мештани велат дека се појавил неделата вечер околу 20. за што тие алармирале до надлежните.
Tweet |