речник контакт

Пожарот над Дервенски поток изгаснат, стариот дел на градот изложен на чад од пластика која е опасна по здравјето

Три часа пожарникарите се бореле со пламенот на тежок терен

Петар Печков

Пожарот кај базенот за вода на ЈКП Дервен, кој се пламна попладнево  над Дервенски поток е локалиизран. По тричасовна борба соогнот и  густиот црн дим, кој беше голема опасност и по населението и по пожарникарите истиот е изгаснат. 

„Пријавата за пожар е примена во 17,50 ч. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место поради сериозноста на пожарот кој беше затекнат во развиена фаза побарана е дополнителна помош од уште едно возило. По тричасовна борба со пламените јазици пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување“ – информираа од велешката пожарна. 
Црниот густ чад кој се ширеше во стариот дел на градот создаде проблеми во живеењето на граѓаните од тој дел на Велес. 

„Од чадот не се дишеше. Некој запалил дива депонија, гореше пластика. Дали гореа кабли за да го извадат бакарот и го препродаваат, кабли кои се крадат од јавни инсталации, но ова беше лошо по здравјето“ – велат велешани. 

 Иако мерната станица на Министерството за животна средина во Велес е лоцирана во новиот дел на градот во населба Тунел, загадувањето стаса и до таму. Во 21ч. измерени се 77 мг/м3 ПМ10 честички во воздухот.   

Пред 20-тина години имаше мерна станциа за квалетитот на воздухот кај Бирото за вработување, која го покриваше стариот дел на градот. Но таа беше затворена од страна на Министерството па велешани, екологистите често регираат дека поради конфигурацијата на градот, измерените вредности во Нова населба не се реални за стариот дел на Велес. Локалната аалст побара од Министерството за животна средина да постават инструменти и на овој дел на градот, но беа одбиени.  

Пластиката кога гори предизвикува сериозни последици по здравјето, таа е канцерогена. Се ослободуваат штетни гасови, јаглерод моноксид, диоксини, фурани и честички кои се трајни органски загадувачи. Чадот од пожарите со пластика содржи опасни материи кои се шират со ветерот и го загрозуваат населението на големи далечини.. Предизвикува печење во очите, грлото и белите дробови.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »