речник контакт

Позитивни нема, но има дури седуммина оздравени од велешко

На Инфективното одделение од велешка Болница има хоспитализирано 17 лица а активни се 37 случаи

Петар Печков

Денес во Велес и велешко нема случај на позитивен на ковид-19, но затоа има дури седуммина оздравени.  Така бројката на активни случаи падна на 37 лица.

Денес имаме седуммина лица кои се водат оздравени, откако на два последователни теста беа  негативни. Сите тие беа на домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

На Инфективното одделение од велешка Болница има хоспитализирано 17 лица, 16 се потврдено позитивни, но не сите се од велешко  а еден е со симптоми и за него се чекаат резултати.   На домашно лекување се 21 лице, 15  се во Инфективно одделение и едно лице е во КПУ Идризово.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »