Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2020
МВР со детали за понеделничката сообраќајна несреќа кога воз удри во автомобил, кој минел иако сообраќајната сигнализација покажувала дека возот доаѓа. При тоа едно момче Мартин Ѓ. (23 год) почина на лице место, две лица се пренесени на клиника во Скопје. Несреќата се случи на железничкиот премин кај село Ногаевци а патниците биле возени на дијализа во ЈЗУ Општа Болница Велес.
Понеделникот на 10-ти февруари, во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалиште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево- Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од село Раштани, велешко. Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од село Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од село Виничани - Градско, сите сопатници во возилото - информираа од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. ОЈО Велес издало налог за техничка проверка на возилото а телото на починатото момче е предадено на обдукција, да се утврдат причините за смртта.
Железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Гевгелија беше во прекин од 12.06 до 16,32 ч.
Tweet |