Петар Печков
Објавено: вторник, 12 март 2013
Познат е редоследот на гласачкото ливче за претстојните локални избори. ВО ОИК Велес им беа презентирани бројките на ново пријавените кандидати, со што листата стана конечна и официјална.
Кандидатот на Сојузот за иднината Аце Коцевски го доби редниот број 42, а кандидатот на Сојузот на Титови леви сили Горан Мишков редниот број 65. Претходно веќе е познато дека Марјан Спасовски од Социјал Демократската Унија на изборното ливче го има редниот број 18, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Славчо Чадиев бројот 19, додека за кандидатката на Социјал-демократска партија на Македонија, Тања Петровска е со број 25.
Листата за советници е следна: број 4 е за ВМРО-ДПМНЕ и нивните 18 коалициони партнери со носителот Александар Колев. Со број 17 е ДУИ со носител на листа Менсур Адили. Социјал демократската унија со носител Киро Костов го доби бројот 18, ДПА со носителот Касам Касамовски е под реден број 22, СДСМ со коалиционите партнери и носителот Благој Коларов се под реден број 42, Сојузот на Титови леви сили со носител Петре Ордевски е под реден број 65 и ДОМ со носител Стевче Дечев е под реден број 80.
До среда 20-ти март, овластен полномошник може да пријави дека болно или неподвижно лице не може да гласа, и дека сака овој чин да го изврши дома. За ова ќе треба да се поднесе соодветна документација поткрепена со медицински докази. Исто се однесува и за лицата кои се во затвор, притвор или домашен притвор. Гласањето за нив е на 23-ти март, сабота, ден пред официјалниот датум за избори.
Tweet |