речник контакт

Познати добитниците на 9-то Ноемвриски признанија

Советниците доделија 15 награди, за работа во науката и економијата нема

Петар Печков

На свечената седница на 9-ти ноември  познато е кој ќе излезе на сцената да ги добие наградите за популаризација и придонес за развој на општина Велес.

Наградата за животно дело оди кај Олга Синадиновска пензионирана наставничка. Плакети 9-ти ноември добиваат Техничко –технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот Св. Климент Охридски, д-р Горан Калоѓера македонист од Риека, Миле Бошков Мувата постхумно и средното училиште Коле Неделковски. 

Благодарници 9-ти ноември ќе добијат УНДП, групата Виртус и ракометарите Дејан Манасков и Влатко Темелков. Пофалници 9-ти ноември добиваат  Александар Солев ученик, Кристијан Ефремов атлетичар, Тодорче Ѓоргиев планинар, Игор Стефановски кајакар, друштвото Македонски спасител.

Така на листата доминираат лица од спортот и естрадата, додека нема од економијата, науката. Советниците не сакаа да ги видат велешаните кои работат и на ова поле и постигнуваат вредни резултати, но не се сликаат на насловни страници.

Остана и нејасно како можеше да не добие награда  велешанецот амбасадор Данчо Марковски, кој за време на неговиот мандат во Загреб Хрватска успеа да ги збратими Велес и Вараждин, на Вип Експо во Вировитица да го претстави велешкото стопанство и со негова помош да бидат поставени спомен обележја на тројца знаменити сограѓани Кочо Рацин во Самобор, Андреја Петковиќ во Риека и Панко Брашнар на Мирогој во Загреб. И за сето тоа да добие орден од хрватскиот претседател Иво Јосипоивќ но не и признание од неговите сограаѓни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »