речник контакт

Познати добитниците на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2024 година

Фросина Пармаковска е добитник на годинашново Рациново признание за роман на годината за 2024 за делото "Се уште можам нешто да сторам".Добитник на Почесното Рациново признание е Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, литературен преведувач од македонски на унгарски јазик

Петар Печков

Фросина Пармаковска е  добитник на годинашново Рациново признание за роман на годината  за  2024 за делото  "Се уште можам нешто да сторам"  која на авторката ќе и биде врачено на 19 јуни на свеченост во велешката Спомен Костурница, кога проф.  Михаило  Марковиќ ќе ја каже „Беседата за Рацин“. Ова е одлука на  жирито во состав Снежана Петрова Џамбазова, Маја Апостоловска и Јасминка Делова Силјанова во конкуренција за награда биле пријавени  25 книги.

Добитник на Почесното Рациново признание е  Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, литературен преведувач од македонски на унгарски јазик. Тоа се доделува за афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевност и култура во странство. Признанието ќе  биде врачено на меѓународниот поетски митинг, каде се најавени 20  поети од регионот, а ќе се одржи на  20 јуни  во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес.

Во продолжение е предвиден концертот на групата ДНК, со Миле Кузмановски, Наум Петрески и Адријана Јаневска.   Добитниците на признанијата беа објавени на денешниот прес на организаторот, Здружение на граѓани „Пус публика“.  Годинава Рациновите средби се одржуваат по 61 пат.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »