речник контакт

Познати противниците на двете велешки женски одбојкарски екипи во осминафиналето од Купот

Средбите се играат на 18 февруари, победникот оди во ¼ финале

Петар Печков

Двете женски одбојкарски екипи ги добија противниците во осминафиналето на Купот на Македонија. Во полудиригираниот ждреб, од една страна осумте прволигашки екипи и во другата осум второлигашки екипи, каде беа велешките ОК Борец и ОК Виола волеј. 

Бранителот на куп-титулата ОК Наковски Волеј  и лидер на табелата, ќе игра со  ОК Борец, а ОК Газели Волеј  од Скопје за противник ја има Виола Волеј. 

Се игра еден натпревар на 18 февруари, велешанки гостуваат.  Победниците од овие натпревари ќе обезбедат пласман во четвртфиналето од Купот на ОФМ 2026 жени.

Во квалифиакциите двете екипи ОК Борец и ОК Виола волеј победија и се пласираа во 1/8 финале.

Машката екипа на ГОК Борец е директно пласирана во 1/4 во Купот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »