Петар Печков
Објавено: недела, 30 јануари 2011
На фестивалот ќе земат учество вкупно 20 композиции и исто толку изведувачи. На конкурсот пристигнале 88 композиции од кои селекционата комисија по повеќекратно преслушување одбрала 20. Ако имате впечаток дека повеќето од пеачите ви се малку познати или воопшто не ги знаете, тоа е така.
Еве ги и изведувачите:, Здравка Мирчевскa, Иле Спасов, Оливера Горговска, Наде Талевска, Наташа Малинкова, Наталија Славева, Бобан Мојсовски, Горан Каргов, Емилија Гиевска, Offside, , Ангелина Стојаноска, Скипи и Тајзи, Мартин Србиновски, Филип Јордановски, Иван Јованов & Денис Екс, Лидија Кочовска, Дуле и Коки, Водолија, Ристе Тевдовски, Влатко Илиевски.
Само 4-5 имиња кои можат да се пофалат дека имаат настапи, хитови, концерти се останато лица кои пеат додека дома се тушираат, или познати на соседството и маалото по нивните хитови. Очигледно дека последните изданија на изборот и аферите што стандардно се јавуваа по секоја манифестација на фестивалот Скопје, ги избркаа познатите македонски изведувачи, така што годинава се допре дното. Ќе слушаме и гледаме фаци за кои овие три минути ќе бидат најголемиот дострел во животот. Само ме страв ако победи некој од нив да не минат како тогашните дебитантки во 2000-тата, триото XXL со 100% те љубам, кои на сцената во живо на Евровизија звучеа грозно.
Македонија ќе настапи на второто полуфинале на 12 мај во Диселдорф Германија, како 17-та од 19 учеснички и извесно е дека нашиот претставник ќе пее на македонски. Истата вечер, во полуфиналето настапува и Босна и Херцеговина а за нив ќе пее Мерлин. Оваа година на изборот на Песна на Евровизија ќе учествуваат рекордни 43 земји. Најдобар пласман Македонија имаше во 2006-та со Елена Ристевска која го зазема 12-тот место со песната Нинанајна.
Tweet |