Петар Печков
Објавено: четврток, 08 ноември 2018
Показно- медиска вежба на противпожарната единица денес беше изведена во ОУ Благој Кирков и покрај Мало мовче. На неа беше презентирана целата опрема која изминативе години беше предадена на користење на територијалната противпожарна единица, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во две одвоени вежби велешките пожарникари и учениците од ОУ Благој Кирков ги покажаа нивните подготвеност за делување во различни кризни акции. Како дирекција се уверивме дека Општина Велес домаќински се однесува со опремата и персоналот кој ракува со ена е високо обучен - рече Димче Митевски од ДСЗ.
Беа презентирани и користени противпожарен камион ДАФ, возило аморок,пумпа од 3 илјади литри во минута, алат за сечење при сообраќајки и противпожарни црева.
Со законот за пожарникарство секое училиште треба два до три пати да симулира евакуација, спасување од елементарни непогоди -пожари. земјотреси. Добро е кај учениците да има знаење како да постапуваат во вакви случаи. Наставниците се тие кои ја преземаат одговорноста од родителите кога децата се на училиште, освен со знаење така и со други пракси од животот. Втората вежба беше презентирана пумпата МЗТ 250 која служи за извлекување луѓе при поплави но и се користи за гаснење на оган во делови од градот каде има тесни сокаци, како што е Дворови. Неа не можеме да ја закачиме на нашите возила, туку користиме ТАМ од ЈКП Дервен -рече командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски.
Во вежбата активно учество земаа и ново вработените 10 пожарникари и единицата сега брои 27 вработени. Како тие се вклопија во единицата и колкав напредок во работата имаат кажа Лепидовски:
,,Со двамесечно работење, сите се посветивме да ги доловиме сите потребни работи за обука. Така и ќе продолжиме а тие во пракса ќе се судрат со вистински предизвици и праксата ќе го стори своето. Моето мото е -безбеден град, сигурни граѓани, успешна општина,, .
Тој посочи дека за екипирање на ТППЕ се потребни едно или две мали возила и реализација на проект за надземни хидранти во одредени делови на градот, за полесно справување со пожари.
Tweet |