Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2020
Дел од жителите на Караслари, од повисоките делови реагираат дека со денови немаат вода за пиење. Ја имало и тоа малку во ноќните часови. Велат не можат ниту хигиена да се одржува.
Без малку една недела немаме вода, околу 700 жители. ја има и тоа малку само ноќе, колку садовите да се измијат. Не можеме ниту да се истушираме, немаме услови за хигиена. И тоа сега во време на корона вирусот кога хигиената треба да е на највисоко ниво. Проблемот е со години присутен, но никако ниту една општинска власт да го реши - велата жителите од село Караслари.
Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција го актуализираше овој проблем. Посочи дека го имало и во Горно Оризари и во Отовица. ЈКП Дервен го информирал за недостигот на вода за пиење.
Има несовесно однесување на жители од Караслари и Горно Оризари, наместо за пиење водата ја користат за полевање. Според закон прво се задоволување на потребите на луѓето, па животните и на крајот полевање на земјоделски површини. Откако ЈКП Дервен го зема водоводот во Караслари намелен е во голем процент загубата на вода и сега изнесува 17% , а била и 60% претходно. Но таму има уште 20-30 семејства кои немаат водомери. Тие ја користат можноста што плаќаат паушал, користат вода за полевање и така гои оневозможуваат останатите жители да имаат вода за пиење. Слична е состојбата и во Горно Оризари. Контролното мерило, колку вода се дистрибуира во населбата а колку се фактурира покажува дека дури 39% се загубите на вода - рече Коцевски.
Најави дека е распишан тендерот за изградба на цевковод од Железен мост до Весела долина, со што поголеми количества вода ќе добијат и Дурутовец, Трпезица, Чолошево.
Tweet |