Петар Печков
Објавено: вторник, 02 мај 2023
Од средината на декември мината година полигонот за обука и полагање на возачи е затворен. Тој е лоциран во близина на просториите на противпожарната единици во Велес. За неговото неработење, прес конференција одржа политичката партија „Левица“.
„Штета трпат и сите авто-школи во Велес, кои се доведени во незавидна положба поради намалениот обем на работа. Според нашите информации извршени се сите градежни работи со градежна дозвола од Општина Велес, според правилникот за полигони, но повеќе од еден месец се чека МВР да изврши увид и даде дозвола за работа на истиот“ - кажа Димитар Абрашев.
Пет месеци кандидатите за полагање на возачка дозвола, на Велес но и од Градско и Чашка, немаат можност да полагаат за возачки испит, додека за обука се користат полигоните во соседните градови, Штип и Кавадарци.
„Полигонот е затворен поради тоа што не ги исполнува условите наведени во член 283 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програмата за обука, стручен кадар, опремата со која треба да располага, како и евиденциите што треба да ги водат авто-школите за оспособување на кандидатите за возачи. Евидентираните недостатоци уште не се отстранетите, иако се работи на нив“ - соопштија од СВР Велес.
Tweet |