Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 декември 2021
ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршената истрага поднесе кривична пријава против нивен вработен, С.К.(24) од Неготино. За него постоело основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ за што и му се поднесени две кривични пријави
„По преземени оперативни мерки и активности утврдено е дека пријавениот- вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти, каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал“ - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
С.К бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На С.К. му е одредена мерка притвор.
Tweet |