Петар Печков
Објавено: четврток, 15 август 2013
Џемал Лазами од селото Долно Јаболчиште доби казна затвор од шест месеци за сообраќајка во кое почина едно лице. Во Основниот суд во Велес Лазами, кој е вработен како полицаец во МВР, беше прогласен за виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Тој на 11 декември 2011-тата во 6,15 наутро, на локалниот пат Чашка – Лисиче управувајќи голф, сопственост на негов другар, удрил во голф каде возел А.Ф. кој починал на лице место. Лазами возејќи со брзина од околу 70 км на час, која не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, кој бил тесен пат и неподобен за безбедно разминување, силно удрил во лада која доаѓала од спротивен правец а била управувана од А.Ф.
Тој од здобиените тешки повреди починал на лице место, додека сопатникот Б.М. се здобил со потешки повреди. Поради ова Лазами доби казна затвор во траење од шест месеци.
Tweet |