речник контакт

Полицаецот Стевановски нај мустаќ на Велес

Мовембар заврши, годинава собрани 30 илјади денари

Петар Печков

Со голема заедничка забава на  сите мустаклии од Велес , кои го поддржаа движењето Мовембар  заврши месецот посветен на подигање на свеста и грижата од машките болести. На забавата симболично именувана  Трет симпозиум - кој има  подолг.. мустаќ, се избраа  нај мустаќ и најлош мустаќ на градот.

Титулата за најдобар ја понесе полицаецот Гоце Бау Стевановски, кој грижливо изминатиот месец пуштил мустаќи, како  поддршка на светското движење Мовембар. Истовремено беше избран и најлошиот мустаќ а него  го красело лицето на Томе Ристов. 

Со оваа наша акција, со купување значка и маичка мовембар, донираме, градиме стил, поддржуваме,. ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје - велат организаторите.  

Забавата одржана во ,,Паб,, собра голем број гости.  Сите 30 дена од изминатиот  месец имаше продажна акција на сувенири, маички, значки, шолји. При ова  биле собрани 30 илјади денари, средства кои ќе се доделат   локално, на некој сограѓанин, кому му се  потребни и значајни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »