речник контакт

Полицајците ,,Позорникари,, се вратија на улица

Велешката полициска станица откако доби одреден број гранични полицајци, дел од нив прераспредели во т.н. ,,позорникари,,

Петар Печков

Полициската станица во Велес со прераспределбата добила одреден број на гранични полицајци. Истите сега се прераспределени како позорникари, или службените униформирани лица кои шетаат по улиците низ градот.

Од СВР Велес  информираа дека од пред извесно време повторно е воведена позорна служба. Прераспределувањето на полициски службеници од едно на друго работно место е тековен процес кој ќе продолжи и натаму, така што во иднина очекуваат пораст на бројот на извршители. Согласно проблематиката и изготвената безбедносна проценка, од полицијата велат дека позорникарите се распоредуваат по време и место во согласност со потребите и предвидените работни задачи. Граѓаните пак очекуваат зголемена безбедност и помалку нарушувања на јавниот ред и мир.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »