Петар Печков
Објавено: петок, 21 март 2008
Владата воведува казни за фрлање отпадоци во урбани средини како и на зелени површини.
Најниската казна ќе изнесува 50 евра а највисоката до 200 евра, а од сега ќе можат да казнуваат и полицајците.
Триесет евра ќе плати оној што ќе фрли отпад во урбаните средини, казна од 50 евра за фрлање отпадоци во зелена територија и шумите, седумдесет евра ќе се казнуваат тие што фрлат моторни масла или гуми во урбани средини, а сто евра ќе биде казната за фрлање на отпадоци покрај езера или пак реки. Сто и педесет евра ако се гори отпад во урбани средини, а највисоката казна од двесте евра ќе ја плаќаат лицата што ќе горат гуми во урбана средина или во зелена територија.
Законот беше донесен во септември минатата година, ноа до сега право да казнуваат имаа само општ?нските и државните инспектори, а од сега ќе можат да казнуваат и полицајците.

Tweet |