Петар Печков
Објавено: среда, 10 јули 2024
При интервенцијата на хеликоптерот на МВР, на пожарот кај Венуле, биеле исфрлени 45 тони вода, соопштија од полицијата.
„Денеска 10 јули хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес. Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во Неготинско“ – информираа од МВР.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот кај Горно Оризари е ставен под контрола, додека тој кај селото Пепелиште во неговото локализирање освен хеликоптерот на МВР учествуваат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци, Неготино и Штип.
фото МВР
Tweet |