Петар Печков
Објавено: среда, 10 март 2021
Воведувањето полициски час предизвика промени во патничкиот возен ред на Македонски железници.
Наместо во 14:30 и 20:10 часот, возовите до Битола ќе поаѓаат од Скопје во 13:49, односно во 17:25 часот. Од Битола ќе тргнуваат во 5:30 и 17:45, место во 3:20 и 18:20 часот.
Од Велес за Битола ќе поаѓаат во 14,35 и 18,20 ч. од Велес за Скопје во 8 ч. и 20,30 ч.
Од Гевгелија, утринскиот воз ќе поаѓа еден час покасно, во 5:30 часот а во Велес ќе биде во 7,20ч. за Скопје .
Вечерниот за Велес нема да сообраќа во 22:40, туку во 20:40, а утринскиот од Велес за Скопје во 5:30, место 5:03 часот.
„Овие промени се со важност од попладнево и во следните 12 дена, додека трае полицискиот час“, соопштија од МЖ Транспорт.
Tweet |