Петар Печков
Објавено: среда, 21 март 2018
СВР Велес бара помош од граѓаните за идентификација на починат маж, кој е најден мртов пред седум дена. Но и тогаш кога бил пронајден, бил во фаза на распаѓање оти бил мртов можеби и десетина дена претходно. Неофицијалните информации се дека нема знаци на насилна смрт и дека се работи за овчар. Телото било пронајдено далеку над црквата кај Башино село,
На 13.03.2018 година на ридот над автопатот Е-75 Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во с.Башино село, пронајдено е тело на непознато машко лице. По извршениот увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна медицинска помош било утврдено дека се работи за тело на машко лице со височина од околу 170 сантиметри -крупен, челна келавост, со црна кратка коса, на нозете има гумени опинци, со црн комбинезон, темно сина блуза со хоризонтални шари и врз неа дуксер со темно сина боја со сиви ракави која на преднниот дел има британско знаме и светло кафеава јакна. Ги замолуваме граѓаните кои го познавале починатото лице да се јават во СВР Велес и да дадат информации како би можеле да го идентификуваме - стои во писмената информација на СВР Велес.
Tweet |