речник контакт

Полицијата во катастарот пронајде криминал

СВР Велес осомничи петмина вработени дека со нивното работење го оштетиле републичкиот Буџет за 55.600 денари

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против лицата В.М. (52) , Н.Ф. (42)  , С.М. (40) , О.Б. (43) и С.Л. (45) сите од Велес, вработени во Агенцијата за катастар и недвижности, Одделение за премер и катастар Велес, поради основано сомнение дека имале криминални дејствија со кој е оштетен репубчиќчкиот Буџет.

В.М. сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ . Тој како службено лице во Катастарот ги пречекорил границите на своите овластувања и издавал имотни листови без соодветно поднесени барања и потребни уплати.  

Останатите четири пријавени лица се сомненичени дека сториле кривично дело „Несовесно работење“ на тој начин што издавале, заверувале и потпишувале имотни листови без соодветно поднесени барања и уплати.  Со наведените кривични дела пријавените во првата половина на 2011 година му нанеле штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 55 600 денари.

По претходно добиени оперативни сознанија, извршен е увид во документацијата за првата половина од 2011 година, при што констатирано е дека голем број од издадените имотни листови имале број од деловодната книга, но под тој број во деловодната книга било заведено дека имотниот лист е издаден на сосема друго лице, за сосема друга катастарска парцела, како и имотни листови на кои името на подносителот се разликувало со прикачените уплатници. Во разговор  со граѓани  со полицијата тие изјавиле дека пријавените наместо уплатници им земале пари во готово  за услугите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »