Петар Печков
Објавено: петок, 26 август 2022
Велешката полиција, денес, петок, ги едуцираше граѓаните како да се заштитат од кражби. Таа за оваа цел делела летоци.
„Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес во текот на денешниот ден (26.08.2022) спроведоа заедничка превентивна активност под мотото „Полицијата и граѓаните заедно“. Притоа, на различни локации во градот беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки за граѓаните за превенција од кражби во домовите“ - соопштија од МВР.
Велешката полиција деновиве разоткри неколку кражби, кои се случиле во домови на велешани. Против сторителите поднесени се кривични пријави за тешки кражби.
Tweet |