речник контакт

Полицијата го истражува сечењето на дрворедот млади садници, откако сведок пријавил што се случувало критичната ноќ на улица АСНОМ

Инцидентот се случи ноќта помеѓу 29-ти и 30-ти март кога беа исечени поголемиот дел од младите садници, кои таму беа засадени пред една година

Петар Печков

Совесен граѓанин  сепак како сведок се јавил и кажал што видел ноќта, пролетва кога беа исечени дрворед  од 14 млади садници, покрај оградата на Маслодајна на улица АСНОМ. Инцидентот се случи ноќта помеѓу 29-ти и 30-ти март кога беа исечени поголемиот дел од младите садници, кои таму беа засадени пред една година.

„Се јави очевидец, кој кажа што видел критичната ноќ, ги опиша дејствијата кои биле преземени. Дека сторителот ги исекол младите садници со пила во време на полициски час. За се тоа што ни беше кажано, составивме записник и го информиравме СВР Велес, за натамошна постапка. Садниците се исечени намерно и тенденциозно“ - кажаа од локалната власт.

Неколку од садниците не беа исечени и тие пролетва процветаа, додека останатите и покрај тоа што беа исечени, потераа од корен и формираа нови фиданки.    Од велешката полиција кажаа дека е оформен предмет и работа по него и го истражуваат.

„Постапено е по информацијата добиена од локалната власт. Се преземаат активности за расчистување на случајот. Кога ќе имаме конкретни податоци, ќе ја информираме Општина Велес “ - соопштија од  СВР Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »