речник контакт

Полицијата го откри момчето кое ја запали палмата во Младински

Доби и кривична пријава

Петар Печков

 Секторот за внатрешни работи Велес го документираше настанот од 12 јуни  кога во 23,50 часот во Младинскиот парк беше потпалена палма, една од неодамна засадените 47 во Велес. Според СВР Велес тоа го сторил  15- годишен малолетник од Велес кој со запалка ја запалил обвивката - кората на едно од засадените палми.  

До надлежното обвинителство поднесена е соодветна кривична пријава. Малолетникот во моментот бил во друштво со уште неколку другарчиња, и  според информациите, истиот од радозналост ја запалил палмата, која подоцна е изгасната со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес.

 Родителот на малолетникот заедно со малолетникот веднаш  биле повикани во просториите на Полициска станица Велес, каде е обавен разговор со нив. Со наведеното, причинета е материјална штета од 500 евра, информираа од СВР  Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »