Петар Печков
Објавено: сабота, 07 ноември 2020
Петокот попладне 6-ти ноември, околу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во атарот на Горно Јаболчиште е лишено од слобода лица, кое се барало за служење казна затвор.
Во текот на вчерашниот ден лишен од слобода е Ф.Д. (31) од Горно Јаболчиште, кој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово. При преглед кај лицето и возилото што го управувал пронајдена е прашкаста материја и марихуана - соопштија од МВР.
ТрМр пишуваше за овој настан. Фахрудин Дурмишев доби пет години и три месеци за кривичното дело убиство во обид. Настанот се случи во Горно Јаболчиште на 15 август 2012-та година. Според обвинението Фахрудин Дурмишев попладнето околу 19 часот, се обидел да го лиши од живот соселанецот Ќемал Синанов поради претходно меѓусебно влошени односи.
Tweet |