Петар Печков
Објавено: вторник, 24 март 2020
На вчерашната седница на кризниот штаб за Општина Велес донесени се повеќе заклучоци, кои се однесуваат на службите и живеењето во градот. Во однос на Градскиот пазар се бара да се ограничи продажбата исклучиво само на земјоделски производи -овошје, зеленчук и други прехранбени производи и тие да бидат да бидат изложени на секоја втора тезга во редот. Просторот пред пазарот да се исчисти од дивите продавачи, да се влегува и излегувањето во пазарот од два влеза, а пред влезовите преку редари и да се внимава на физичкото растојание на купувачите, на влезовите да биде поставено средство за дезинфицирање и маски за потребите на купувачите. Продавачите задолжително да носат заштита опрема маски и ракавици.
По препораки на Светската Здравствена Организација (СЗО) ЈКП „Дервен” да врши зголемување на нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L милиграми на литар резидуален хлор во градскиот водоснабдителен систем. Се задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на детските забавни паркови, спортските терени, патеката околу езерото „Младост”.
Кризниот штаб го задолжи СВР Велес негови мобилни тимови на двата пункта при влезот во град Велес, одредени на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат редовна контрола на физичката состојба на учесниците во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата, потоа да се одредат тимови кои ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро „Младост” и една патрола со двајца униформирани полицајци за воведување на ред на влезовите на пазарот.
Обврска од кризниот штаб доби и Општина Велес . Поради неисправноста на водата во село Сопот, за потребите на неговите жители Општина Велес да обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.
Кризниот штаб ги обврза вработените во ТППЕ да се вклучат со давање помош кон ЈКП „Дервен” за дезинфицирање на улиците во високите зони од градот со сопствена опрема и возила и да извршат оградување со заштитна лента на детските забавни паркови, спортски терени, патеката околу езеро Младост и други јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните.
Tweet |