речник контакт

Полицијата истражува случај дека татко ја нападнал малолетната ќерка

Бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес

Петар Печков

Полицијата истражува  пријава за случај, дека татко физички ја нападнал малолетната ќерка. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„Во СВР Велес бил извршен службен разговор со И.П.(47 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата малолетна ќерка“ – соошти Биљана ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »