Петар Печков
Објавено: вторник, 24 февруари 2026
Полициските службеници од Полициска станица Велес минатата година, посебен акцент ставиле во контролата на работата на угостителските објекти. Бројките покажуваат пораст во однос на 2024 година и на констатирани прекршоци и на извршени контроли. Ова беше соопштено на седницата на Советот, на која се разгледуваше извештајот за работата на ПС Велес лани.
„Засилени се контролите на угостителските објекти. Постапувано е по сите пријави на граѓаните за гласна музика, при што констатирани се 15 прекршоци, во 2024 таа бројка била пет. Реализирани се 56 контроли во угостителските објекти, при што регистрирани се 16 нарушувања на јавен ред и мир, сите се расветлени и поднесени соодветни пријави. Во 2024 биле регистрирани 11 прекршоци“ – рече Ненад Дејановски, командир на ПС Велес
| Tweet |




