Петар Печков
Објавено: вторник, 06 декември 2022
Велешката полиција затекнала пет лица, меѓу нив четири малолетници како превезуваат бесправно исечени дрвја, во запрежна кола.
„На 05 декември на место викано „Кишино“ – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги затекнале М.Ј.(18) од Велес и четири малолетни лица како со три запрежни коли превезуваат бесправно исечени огревни дрва. Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Велес„- соопштија од МВР.
По расчистување на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.
Tweet |