речник контакт

Полицијата поднесе кривични против лицата кои не почитуваа полициски час, обвинителството бара од судот да бидат казнети со по 800 евра глоба

Двајца се жители нa Велес, двајца на Градско и уште една пријава за жител на Радовиш, кој наместо дома во самоизолација, бил фатен во Градско

Петар Печков

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против В.В.(60) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Средата на 25-ти март  во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

 Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Т.Н.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Средата на 25-ти март по полноќ  во 00.25 часот, кај касарната на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, при што не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Средата на 25-ти март во 10минути по полноќ , во близина на угостителски објект на ул. „8 Септември“, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против О.М.(22) од Градско и И.М.(25) од село Уланци, Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Четврток кон петок, на  27-ми  во 40 минути по полноќ , во близина на винарија во Градско, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес, поднело  предлози за издавање казнен налог за четири лица, двајца велешани и две лица жители на Градско, за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

инфо СВР Велес и ОЈО Велес 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »