речник контакт

Полицијата приведе лихвар oд Велес

Лицето А.С. (44 год) дало заем од 100 евра а побарувал 150 евра камата

Петар Печков

Велешката полиција упасила лице, за кое се сомничи дека бил лихвар и давал пари на заем со висока камата.

„Среда  на 28-ми околу 15.40 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(44) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата“ соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. .

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С., при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација - нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, полицијата најавува дека  ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »