Петар Печков
Објавено: петок, 05 јануари 2024
Отсекот за превенција при СВР Велес во текот на вчерашниот ден, четврток, реализираше едукативна превентивна активност , продолжение од пред новогодишните активности а во пресрет на вечерашното Коледе.
„На 4 јануари на повеќе локации во Велес и Кавадарци спроведена е превентивна активност на темите ,,Петарди НЕ, безбедност пред се" и ,,Слави со срце, не со оружје". На граѓаните од страна на полициските службеници им беше укажано за опасностите и последиците од користење на пиротехнички средства, односно за опасноста од пукање со огнено оружје, како и законските импликации со кои што може да соочат поради непочитување на законските прописи“ - соопштија од МВР:
Во текот на активностa, на граѓаните - минувачи им биле поделени и едукативни печатени материјали.
фото ФБ / МВР
Tweet |