Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2020
Тридневниот продолжен викенд наспроти мерките на Владата за справување со ковид-19, се дилемите кои се присутни во јавноста. И додека некои сограѓани се подготвуваат за традиционалниот излет, макар и во скратена форма до 14ч. надлежните упатуваат предупредување да се почитуваат мерките, носење заштитна маска, траење на полицискиот час и држење на растојание, како и групирање до две лица, не повеќе. Од Велешката полиција најавуваат дека ќе се бара почитување на Законот.
СВР Велес постапува според законот и наредбите дадени од Владата за превенција и заштита на граѓаните, секојдневно и за време на првомајските празници. Со редовна и патролна служба ќе се контролира почитувањето на овие одредби. За лицата кои нема да ги почитуваат ќе се постапи според Кривичниот закон - изјавија од СВР Велес, одговарајќи на поставеното прашање од ТрМр.
Надлежните потсетуваат дека и престој во шатор, на отворено на јавна површина, во време на полициски час е кршење на Законот. Истото прашање, како ќе се запази редот во време на продолжениот првомајски викенд, а да се почитуваат пропишаните законски мерки, беше поставено и до градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
СВР Велес ќе има засилени патролни служби, кои ќе патролираат каде се очекува помасовно присуство на излетници, езеро Младост и долна Бабуна. Има информации дека младите масовно го прекршуваат Законот - изјави Коцевски.
Тој дополни дека вчера ЈКП Дерен ги исчистил овие две излетнички места од сметот и дека тоа ќе го стори и по продолжениот викенд.
Tweet |