Петар Печков
Објавено: вторник, 09 октомври 2018
Полициските службеници на Полициска станица со Општа надлежност Велес неколку дена спроведуваат кампања за едукација на велешани. Преку лични контакти полицајци им објаснува за опасноста од измамите, за кражбите но и за семејното насилство. Се делат флаери, летоци на граѓаните на повеќе локации по главните градски улици. Се изведува заеднички со отсекот за превенција при СВР Велес а флаерите се делат во повеќе наврати.
Ова се неколку кампањи на Министерството за Внатрешни работи. првата е обезбеди го својот дом. Со не им укажуваме на сопствениците никогаш да не ги оставаат отворени своите домови, па макар биле и дома. Втората кампања е за превенција од семејно насилство. Третата кампања е околу измамите кои се вршат над повозрасната категорија граѓани, со наводна продажба на огревно дрво. Имавме таков случај поред некој ден. Системот е ист, се повторува со години, но за жал се уште нашите постари сограѓани наседнуваат - вели Орце Коцевски командир на ПС Велес.
За третата кампања тој објасни како функционира. На врата вообичаено кај пензионери доаѓаа две лида, кои нудат огрев за дрво по ниска цена, две илјади денари за кубик. Со тоа што еден со сопружниците треба да отиде да го види дрвата. И додека тој заминува, за кратко време доаѓа друго лице и кое вели, ,,договорено е, треба да платите, за да ви ги испорачаме дрвата,,. Членот на семејството кој останал дома плаќа, ги дава парите лицето заминува. По некое време се враќа вториот член од семејството кој излегол да ги види дрвата, за да по враќањето каже дека ниту има дрва ниту нешто се случило, но дека се измамени а парите им се земени. Според Коцевски за овие три години околу 50 велешки семејства била така измамени.
Tweet |