Петар Печков
Објавено: четврток, 21 декември 2023
Полицијата осомничи мајстор кој инсталирал клима уред, дека од домаќините украл пари и накит. СВР Велс со детали за настанот.
„На 20 декември во 20.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Г.(26 год ) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит. Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По целосно расчистување и документирање на случајот, полицијата најавува дека ќе следува соодветна пријава.
Tweet |