Петар Печков
Објавено: среда, 07 февруари 2024
Во дом на велешанка, при претрес полицаја пронашла хероин, кокаин и вага
„На 6 февруари во 15.10 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34 год) и Б.А.(42 год), сите од Велес. При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага“ - соопштија од МВР.
Трите лица биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
фото МВР
Tweet |