речник контакт

Полноќна групна тепачка во кафетерија, се користело и стакло, учествувале шест лица

Имало повредени кои биле пренесени во болница и констатирани лесни повреди

Петар Печков

Групна тепачка во кафитерија во Велес во која учестувале шест лица. При тоа биле користени и стаклени предмети. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 13 јули во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39 год) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39 год), А.В.(39 год), Б.Ѓ.(39 год), Б.М.(38 год) и Д.М.(39 год), сите од Велес, затоа што во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети“  - соопштија од СВР Велес. 

Имало повредени две лица кои побарале помош во Ургентен центар од велешка Болница, а дежурен доктор констатирал лесни телесни повреди, соошштија од велешката болница.

За случајот бил известен  јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »