Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јануари 2011
Инцидентот се случил во понеделникот во 1,10 часот по полноќ кај Градската аптека на улица Алексо Демниевски Бауман бр3, кога полицаец, кој не бил на служба, истрелал десетина куршуми кон тројцата арамии кои ограбиле продавница за компјутери и однеле 8 лап- топи и два ЛЦД телевизори.
СВР Велес информираше дека полицаецот кој живеел во зградата над која била продавницата Мастер Нет Електроник слушнал како се крши стакло, по што низ прозорот забележал три непознати лица кои носеле техничка стока во автомобил. Веднаш повикал на 192 а потоа кон крадците ,,полиција стој,, . Но тие се дале во бегство, влегле во автомобилот, кој немал регистарски таблички и во моментот полицаецот видел цевка од огнено оружја низ прозорот од задните врати на автомобилот, по што започнал да пука. Соседите кои го слушнале сето ова, тврдат дека имало рафални истрели од десетина куршуми.
Крадците се дале во бегство и полицијата за нив трага. Не сакаат да ги потврдат информациите дека можните сторители се на лекарски третман во Градската Болница во Скопје и се под полициска контрола. Имено во текот на ноќта таму се примени две лица М.Х. и T.Ј. со прострелни рани, кои имале дебело криминално досие. Тие за себе тврделе дека застрелани на забава а никако во Велес при кражба.
Полицијата на видео камера го има возилото при бегство од местото на грабежот, како и крвави траги од лицата кои го скршиле стаклото во продавницата. По извршениот увид на лице место констатирано е дека од продавницата одземени се осум лап топ компјутери и два ЛЦД телевизори вредни 300 илјади денари.
Tweet |