Петар Печков
Објавено: четврток, 21 јули 2011
Во велешката населбата Горно Оризари екипите на ЈКП Дервен откриле голем број злоупотреби на водоводната мрежа, водата наместо за пиење се користела на диво, за поење стока и за поливање ниви.
Во голема акција која неколку дена ја спроведуваат контролорите, инкасаторите и вработените во Р.Е. Водовод од 50 извршени проверки кај 25 домаќинства е откриено злоупотреба. Кај овие сопственици откриено е дека водата за пиење се користи за други цели, затоа што водомерите покажувале потрошувачка од само неколку кубни метри вода месечно, иако овие домаќинства поседувале фарми со домашни животни, ниви и градини под фолии, за што е потребно огромно количество вода.
Кај нив е утврдена е манипулација со мерните инструменти, скинати се пломби на водомерите и на осигурувачите, комплетно се извадени броилата, дури водомери се затрупани со земја. Дел од потрошувачите нелегално биле приклучени на водоводната мрежа, и не само што не плаќале за потрошената вода, туку и водата за пиење ја користеле за наводнување на нивите и градините и одржување на шталите. Како резултат на овие незаконски дејства, водата за пиење која се користи ненаменски, делови на селото немаат вода и по 12 часа дневно.
Против сите сопственици на броила кои ја злоупотребуваат водата, ЈКП Дервен ќе поднесе соодветни прекршочни и кривични пријави. Од ЈКП Дервен најавуваат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови и со цел летово вода за пиење да имаат сите жители на населбата Горно Оризари, кое брои три илјади жители.
Tweet |