Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2012
Пред точно 50 години тројца затвореници во худини стил побегнале од затворот Алкатраз сместен на истоимениот остров во заливот во Сан Франциско, кој од средината на 30-тите години од 20 век, па се до укинувањето во 1963 година, важеше за најчуван и најсигурен во Америка. Никој не ги слушнал и не ги видел, а до денес нема од нив ни траг ни глас.
Никогаш не се пронајдени
Во ноќта на 11 јуни во 1962 година Франк Ли Морис, мозок на операцијата, како и браќата Џон и Кларенс Англин кои биле затворени поради кражба на банка, излегле на слобода бегајќи низ тунели кои со месеци ги копале со лажици и ножици. Ископината се до бегањето успешно ја криеле со картон.
Наспроти една од најголемите потраги во историјата, тројцата криминалци никогаш не се најдени.
Затворската стража тврдела дека сигурно се удавиле со оглед на силната морска струја на 10 милји широкиот залив и дека тешко можеле да допливаат до брегот. Се сметало дека струјата ги однела кон мостот Голден Гејт и подалеку кон Тихиот океан. Но, тоа никој со сигурност не може да го потврди.
Теорија на заговор
Некои теоретичари на заговори сметаат дека тројцата, сега на 80 години и понатаму вешто се кријат. Други пак тврдат дека се убиени во брод или дека мафијата им помогнала во нивното бегање.
Како и да било, на годишнината на епското бегство американскиот маршал Мајкл Дјук и понатаму ги бара бегалците и верува дека барем двајца од нив успешно избегале.
- Мислам дека и понатаму можеме да веруваме дека успеале. Но, за тоа немам докази па не можам да кажам нешто повеќе - вели Дјук за Тхе Сан Францисцо Цхроницле кој на случајот работи повеќе од хоби, отколку што му е тоа задача во своето работно време.
Тој додава дека телото кое во затворска униформа било најдено недалеку од мостот Голден Гејт по еден месец од бегството, бил еден од бегалците. Меѓутоа, од Алкатраз истата ноќ побегнале тројца, а двете други тела никогаш не биле најдени.
Голема потрага
Како и секој пат до тогаш, чуварите таа ноќ ги провериле затворениците не забележувајќи ништо чудно. Но, следното утро во една затворска келија затекнале лажни тела под покривките. Федералните агенти, локалната и државната полиција, крајбрежната стража, хеликоптери... почнале голема потерница. На блискиот остров бил најден сплав направен од штици на кој се претпоставува дека побегнале. Бегалците не ги нашле.
- Се надевам дека сеуште се живи. Ако добијам можност да ги запознам, прво ќе им ги стиснам дланките, а потоа ќе им ставам лисици - вели Дјук.
- Би им рекол, сте направиле добра работа. Доволно долго сте биле на слобода. Сега сте уапсени.
Инспирација за филм
Овој легендарен настан и една од најинтригантните нерешени мистерии на нашето време, послужи како инспирација за филмот Бегство од Алкатраз, во кој во 1979 година главната улога ја играше Клинт Иствуд.
Алкатраз денес е туристичка атракција.
текстот е преземен од Ослобоѓење - Сараево
Tweet |