речник контакт

Половина милион евра штетата од невремето пред еден месец

31 милион денари се проценките за штета од 8-ми јуни, на 631 хектар, на 88 објекти и 16 автомобили

Петар Печков

Половина милион евра е штетата од невремето кое го зафати Велес пред еден месец, на 8-ми јуни при што уништи 631 хектар земјоделски површини. 

Најмногу се погодени жителите  од околината на Велес,  населбите Речани, Шорка, селата Дурутовец , Челошово, Раштани, Башино Село, Р`левци, Дурфулија, Ново село, кои поднеле 286 барања за оштета и сите се прифатени. 

Од градот со големина на јајце уништени се најмногу житариците  480 хектари,  лозови насади 76 , овошни насади 12, тутун 15, рано градинарски производи 37, како и 10 хектари фолии.  Според проценките на стручњаците на некои места има и 100 штета поради што тоа ќе се одрази и  реколтата следната година.

Штетата во земјоделието е проценета на 24 милини денари, додека во градежништвото е 6,3 милиони денари. Комисијата во овој дел примила 81 барања за обештетување  поради навлегување на вода во домовите и подрумите, прокиснување на крововите. 

Шеснаесетмина велешани се пожалиле дека од градот им се уништени автомобилите и тие побарале и добиле проценка дека треба да добијат надомест. Комисијата за проценка на штетите од природни непогоди го изработи елаборатот,  го достави до Советот на општината, кој го усвои па ќе биде доставен до Владата на Република Македонија која треба да ги обештети граѓаните кои го почувствуваа ова невреме.

Поплавата која  на почетокот од декември ја предизвика реката Вардар тогаш во Велес нанесе штетата од 250 илјади евра, а ова невреме  направи  два пати повисока.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »