речник контакт

Половичен интерес на бруцошите за упис на факултетите во Велес

Од предвидени 265 редовни пополнети се 108 места

Петар Печков

Оваа година има половичен интерес за упис во факултетите кои работат во Велес.  Економски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј,со  дисперзирани студии по сметководство и ревизија во Велес има запишано 14 редовни во  државна квота  од  40 предвидени. 

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД со дисперзирани студии во Велес  на насоката Осигурување има запишано 15 редовни во државна квота  од   планирани 30  и 5 вонредни. Со настава започнуваат петок во 10ч. 

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА со дисперзирани студии во Велес  за насоката Информатички науки и комуникациско инженерство има запишано 40 бруцоши од кои  36 редовни од предвидени 90 и 4 вонредни. Со настава започнуваат петок во 12ч.  

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ од  Велес, кој работи при Универзитетот Св. Климент Охридски од  Битола, запиша  во прва  година    43 редовни од планираните 75, со тоа  што  сите 20 места во  прехранбена технологија и биотехнологија се  пополнети, додека во нутриционизам запишани се  23 редовни од 55 слободни места  како и  десет вонредни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »