Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 септември 2021
Годинава во велешките училишта намален е бројот на паралелки, кои имаат помал број на ученици од минималниот. Лани имаше 142, годинава 125. Намалувањето е кај паралелки во средното образование, ако лани имало 56, годинава има 31, додека во основното се бележи пораст лани имало 86 а годинава 94.
Но тоа што се забележува е дека наспроти најавите дека со спојувањето на двете основни училишта Јордан Хаџи Константинов Џинот и Благој Кирков, во едно ново Панко Брашнаров, ќе дојде до рационализација и на просветниот кадар но и на учениците, тоа во пракса не се случи.
Во ова училиште сите паралелки од четврто па до деветто се со помал број на ученици од минималниот, или вкупно 24. Тоа е спротивно од најавите при формирањето на овој нов субјект. На прашањето зошто тоа се случи во ова училиште, градоначалникот одговори дека не е само во Панко Брашнаров таква состојбата била и во ОУ Васил Главинов.
„Од разговорите што ги водев со ресорната министерка Мила Царовска, се подготвува нов концепт, формула за блок дотациите за финансирање на основното образование. Со него идните градоначалници, Советите ќе бидат приморани да ги рационализираат екстензивните, нерационални мрежи на основните училишта во земјава, за да ја финансираат дејноста на основно образование“- кажа Коцевски.
По реакциите на вработени од велешката Гимназија, каде единствено не беше дозволено да се формира паралелка со помал број ученици од минималниот 20, наспроти другите средни училишта во градот, за одлука на министерката Царовска, градоначалникот на поставеното прашање, со негов став за овој проблем.
„Гимназијата бараше дополнително една паралелка со помал број ученици од минималниот, иако има запишано доволно ученици за четири паралелки. Пролетва, на настанот организиран од локалната власт овде во Велес, директорите на Гимназијата и економското се побунија, министерката Царовска им кажа да се запишат поголем број ученици, таа ќе одобри повеќе паралелки. Делегација од вработените на Гиманзијата имаа средба со министерката на 1-ви септември кога таа беше во Велес и им даде соодветно толкување за постапките кои се направени“ - реча Коцевски.
Tweet |