речник контакт

Помалку интервенции на велешките пожарникари лани, нема починати во пожарите во општината

Пожарникарите имале дури 13 интервенции на гаснење на градската депонија. Лани биле опожарени 14 патнички возила, тоа е помалку од 22 во 2024-та

Петар Печков

Нема жртви во пожарите во велешко лани а пожарникарите имале помалку интервенции во однос на претходната. Ова го покажуваат податоците  од ТППЕ Велес.

Во 2025 година пожарникарите, кои покриваат територија на општините Велес, Чашка, Градско имале 255 интервенција, тоа е помалку од 287 во 2024,   годината претходно 269 а во 2022 имало 234, најмногу  ги имаа во 2019-та година  со 361.  

Во 2025 година немало жртви во пожарите, во 2024 една. Лани имало една интервенција на вадење давеници а во 2024 два случаи.

Опаднат е бројот на случаи  на пожари на отворено, од 118 на 84 годинава.  Во пожарите на отворен простор изгорени се околу 200 хектари трева, нискостеблеста вегетација, како и деградирана и квалитетна шума, што е помалку отколку во  2024 година кога беше опожарена површина од 740 хектари.  Лани биле опожарени 14 патнички возила, тоа е помалку од 22 во 2024-та,  а слично како во 2023- кога имало 15 запалени автомобили.  

Зголемен е бројот на интервенции на велешките пожарникари на пожари на отворено  лани 39, во 2024  имало 32.  Пожарникарите имале дури 13 интервенции на гаснење на градската депонија.  Зголемен е бројот на пожари на контејнери 29, од 19 во 2024-та.  Има и седум пожари на оџаци. 

Техничките интервенции се во опаѓање  од  56 случаи на 41,  каде што спаѓаат  интервенции при сообраќајки, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории. 

Лани пожарникарите на ТППЕ Велес интервенирале, помагале на подрачје на четири други општини, територии.

Во Општина Чашка  лани било интервенирано на  во 20 случаи   при што  15 пожари биле на отворен простор и три на објекти. 

Во  Општина Градско регистрирани се 18 интервенции, осум  се пожари на отворен простор, пет  технички интервенции, три  пожари на возила и две  интервенции за вадење давеник.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »